ТФТ го остави Штип се уште без победа во Суперлигата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до втората победа сезонава во домашниот шампионат, откако во единствениот меч од денешената програма од 4. коло славеа на домашен терен против новајлијата Штип со 84-70.

Клубот од скопската населба во вториот период го урна отпорот на противникот, заминувајќи на пауза со двоцифрена позитива 44-31.

Во вториот дел избраниците на Боро Смилковски го приведоа мечот до крајот за конечен триумф од 84-70.  Некевион Вајт со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Камерон Хемилтон.

 

Се вчитува...