Јасикевичиус: Некогаш играш убаво па губиш, а некогаш…

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, ги истакна карактерот и вербата на своите играчи како клучни фактори за победата над Олимпијакос.

Литванскиот стручњак не го криеше незадоволството од почетокот на натпреварот, но ја пофали реакцијата на тимот, кој успеа да ги надмине проблемите и да извојува победа во неизвесна завршница.

„Победивме на овој натпревар благодарение на карактерот и вербата. Сe тргна многу лошо за нас. Олимпијакос ја казнуваше секоја наша грешка. Кога тие грешеа, ние промашувавме. Но, никогаш не престанавме да веруваме. Секако, во последните минути натпреварот можеше да заврши и поинаку, но ние победивме. Некогаш играш убаво па губиш, а некогаш играш грдо па победуваш“, изјави Јасикевичиус.

Се вчитува...