Фрело Фиљо Жорже, во фудбалската јавност попознат како Жоржињо, би можел да се најде во сериозни проблеми во доцната фаза од својата кариера. Според бразилските медиуми, поранешниот италијански репрезентативец со бразилско потекло наводно бил позитивен на допинг-тест.
Веста пристигна по болниот пораз на неговиот тим, Фламенго, во полуфиналето на Копа Либертадорес од аргентинскиот клуб Естудијантес, кој се пласираше во финалето по подобро изведување на пенали. Како капак на се, самиот Жоржињо го промаши својот удар при изведувањето на пеналите.
Искусниот играч за врска наводно бил позитивен на допинг по натпреварот, а неговата судбина ќе се решава преку контра-анализа закажана за 27 октомври, пренесуваат извори од Бразил.
Доколку резултатите не бидат во негова корист, во зависност од откриената супстанца и околностите на случајот, тој би можел да добие суспензија во траење од шест месеци до две години. Жоржињо има 34 години (во декември полни 35), па таква казна би била погубна за него во оваа фаза од неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
