MЗТ Скопје ја почнува авантурата во АБА 2

Актуелниот македонски кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, денеска ќе се обиде да ја прекине серијата лоши резултати на меѓународната сцена и да стигне до првата победа сезонава надвор од домашниот шампионат. По трите почетни порази во ФИБА Еврокупот, избраниците на сино-белите фокусот го префрлаат на регионалната АБА2-лига.

Во ова натпреварување тимот од Аеродром влегува со највисоки амбиции  камбек во елитната јадранска лига. Прв предизвик на тој пат е тимот на Сутјеска. Натпреварот се игра на гостински терен, со почеток во 13 часот.

„Влеговме во серија тешки натпревари, ова ни е второ гостување во само неколку дена, но тоа нема да нè спречи да го дадеме максимумот. Против себе имаме квалитетен ривал, кој долго игра на регионалната сцена и кој ќе сака да победи пред своите навивачи. На нас е да одиграме според планот, да ги искористиме послабите страни на противникот и на крајот да се радуваме“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов.

Се вчитува...