Актуелниот шампион Марк Маркез стигна до победа на спринт-трката која се вози на островот Филип за големата награда на Австралија.
Возачот на Дукати до победата стигна пред неговиот брат Алекс Маркез, додека подиумот го надополни Фабио Диџаантонио. Најголемиот ривал на Маркез, Хорхе Мартин не ја заврши спринт трката и со тоа во моментов е на заостанување од 10 поени зад Маркез. Мартин беше изнесен на носилки од страна на редарите и моментално се наоѓа во медицинскиот центар, каде што е подложен на медицински прегледи.
Главната трка е закажана за утре во четири часот наутро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
