Фудбалерите на Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да излезат од кризата и да се извлечат од дното на табелата. За тоа се потребни позитивни резултати, а напаѓачот Виктор Ангелов се надева дека Скопје може да направи изненадување на денешното гостување крај езерото.
„Имаме негативна серија, но мора да се напомене дека на последните неколку натпревари игравме добро и само некои наши грешки беа пресудни за поразите. Работевме напорно оваа седмица и се надеваме дека ќе успееме да ставиме крај на лошиот период и ќе отпочнеме позитивна серија. Струга Трим Лум е силен тим, посебно квалитетно играат пред своите гледачи, но ако успеавме да одиграме 1-1 на првиот меч во Скопје, зошто да не останеме непоразени и на овој дуел“, вели Виктор Ангелов.
Тој беше стрелец на последните два натпревари против Вардар и против Шкендија Тетово.
„Се надевам дека мојата низа ќе продолжи, но и дека тимот ќе почне да освојува бодови“, порача напаѓачот на ФК Скопје.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Скопје е закажан за 12 часот на Градскиот стадион во Струга, а ќе го суди Благојче Ралевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
