Лионел Меси ја доби најпрестижната награда во областа на спортот во Шпанија

Аргентинецот Лионел Меси моментално престојува во Шпанија, каде што на свеченост одржана во Овиедо, прими престижна награда за својот придонес кон спортот и заедницата.

Наградата „Принцеза од Астурија“ се доделува во неколку категории, а категоријата за спорт е воведена подоцна, во 1987 година токму годината кога е роден Меси. Меѓу досегашните добитници се некои од најзначајните имиња во светот на спортот: Серена Вилијамс, Елиуд Кипчоге, Карлос Саинц, Линдзи Вон, новозеландскиот рагби тим, браќата Гасол, Фернандо Алонсо, шпанската кошаркарска репрезентација (генерацијата од 2006 година), Михаел Шумахер, Рафаел Надал, шпанската фудбалска репрезентација (генерацијата од 2010 година) и други.

Првиот добитник на ова престижно признание бил поранешниот атлетичар Себастијан Коу.

Ова значајно признание му беше врачено на ненадминливиот Аргентинец на свеченост во театарот „Кампоамор“ во Овиедо, каде што традиционално се одржува овој настан. Наградата на Лео му ја врачи принцезата Леонор, во присуство на кралот Фелипе VI и кралицата Летиција. Природно, појавувањето на Меси во овој дел од Шпанија предизвика огромен интерес кај медиумите, како и кај неговите бројни обожаватели. Голема толпа луѓе се собра пред театарот за да ја поздрави фудбалската икона.

Се вчитува...