Андре Онана, кој моментално настапува за турскиот клуб Трабзонспор, избегна сериозни повреди по тешка сообраќајна несреќа што се случила во Турција.
Според информациите што ги пренесуваат светските медиуми, несреќата се случила во областа Јомра во Трабзон, додека 30-годишниот чувар на мрежата се враќал дома со своето семејство по победата на неговиот тим од 2-0 против шкотскиот клуб Хартс во рамките на УЕФА Конференциската лига. Возилото во кое се наоѓал Онана било силно удрено одзади од друг автомобил, што предизвикало верижен судир во кој учествувале три возила.
Иако фотографиите од местото на настанот покажуваат значителна материјална штета, Онана и неговите блиски поминале без посериозни последици. Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, ја смири јавноста со изјава дека голманот е во добра здравствена состојба, а од клубот потврдија дека тој веднаш бил пренесен во болница само на превентивни медицински прегледи и набрзо потоа бил пуштен во домашна нега. Засега нема најави дали искусниот Камерунец ќе го пропушти следниот првенствен натпревар на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
