Лоши вести за Арсенал, Сака го чека нова подолга пауза

Фудбалерот на Арсенал и англиски репрезентативец, Букајо Сака, го чека подолга пауза од терените.

Сака заработи повреда на квадрицепсот на ногата на дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (2:2) кој се играше во средата.

Клупските лекари на Арсенал по извршените прегледи, проценуваат дека Сака ќе отсуствува најмалку шест недели, а пореална опција е осум недели.

Букајо Сака во последните неколку сезони има проблеми со повредите. Во последните неколку месеци имаше проблеми со кондицијата, а кон крајот на минатата сезона, неговата минутажа беше ограничена поради повредата на ахиловата тетива.

Во декември 2024 година, Сака мораше да биде опериран поради што отсуствуваше повеќе од три месеци.

Се вчитува...