Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, наскоро ќе добие нов косопственик откако компанијата „Pitchwise Holdings“ се согласи да откупи 42 отсто од акциите на Валенсија.
Шпанскиот тим соопшти дека претседателот Киат Лим и „Pitchwise Holdings“ постигнале договор за партнерство со кој инвестицискиот конзорциум ќе стане дел од сопственичката структура.
Договорено е „Pitchwise Holdings“ да купи 42 отсто од акциите на Меритон Холдингс, компанија која е во сопственот на семејството Ким, кои се и сопственици на шпанскиот тим. Вредноста на Валенсија се проценува на 1.2 милијарда долари.
Покрај купувањето на акциите, новиот косопственик веднаш ќе стави на располагање на клубот уште 100 милиони евра кои ќе бидат достапни веднаш на користење.
„Pitchwise Holdings“ го предводат Ен Родригез и Кори Вулфолк, луѓе кои имаат искуство со инвестиции во спортот, а дел од управата се и Џорџ Робертс и Хенри Кравис, кои се меѓу основачите на инвестицискиот фонд ККР и Пенер спортс груп.
Целта на влегувањето на „Pitchwise Holdings“ е изградба на долгорочен одржлив модел со кој Валенсија повторно би станала конкурентна во Шпанија и во Европа. Планирано е значително да се инвестира во засилувања во машкиот и женскиот тим и во развој на фудбалската академија.
Последен пат, Валенсија играла во европските купови во 2019 година, а сезонава по девет кола во Ла Лига е претпоследна на табелата со шест освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
