Силекс успеа да врзе две прволигашки победи откако кратовци попладнево на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2-0, триумф со кој го прескокнаа овој противник на петтото место на табелата.
Избраниците на тренерот Васоски одиграа квалитетен меч во кој го контролираа темпото, ги искористија своите шанси и заслужено стигнаа до трите бода. Работата на домашниот тим беше значително олеснета по раниот погодок за 1-0, дело на Хасукиќ со удар со глава веќе во третата минута. На одмор се замина со 1-0, за потоа Хасукиќ повторно да стрела прецизно на стартот од второто полувреме, во 52. минута, за негов петти погодок оваа сезона.
Арачиновци се обидоа да се вратат, имаа повеќе од поседот на топката по вториот примен гол, но одбраната на Силекс на чело со голманот Џеков беше на висина на задачата, не доволувајќи мрежата ниту еднаш да биде затресена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА