Конечно се огласи Конте за шпекулациите дека го презема Манчестер јунајтед

Поранешниот италијански селектор и тренер на Јувентус и Наполи, Антонио Конте, се огласи по шпекулациите за неговото враќање на тренерската работа и можното преземање на Манчестер Јунајтед.

Иако тој во изјавата не го посочи токму Манчестер Јунајтед, медиумите немаат дилеми дека станува збор за „црвените ѓаволи“.

„Моето име се доведува со многу екипи, но моментно нема преговори со поодмината фаза. По убавиот и успешен период во Наполи, ќе издвојам време кое ми е потребно да за размислам како и кога да се вратам на тренерската професија. Одлуката ќе ја донесам кога ќе сметам дека се стекнати вистински услови. Ги прочитав шпекулациите за мооите финансиски барања и целосна контрола која наводно сум ги изнел пред заинтересираните екипи. Докполку се укаже конкретна можност, тогаш ќе биде време за разговори со клубот. Дотогаш сите шпекулации за моите барања и за мојата иднина остануваат на ниво на шпекулации“, соопшти Конте.

Се вчитува...