Протестите во Париз го одложија дербито во Лига 1

Дерби натпреварот од осмото коло во Лига 1 помеѓу ПСЖ и Олимпик Лион кој требаше да се в недела (20.45 часот) на „Паркот на принцевите“ е одложен.

Причина за одложувањето се најавените протести во Париз за недела.

Новиот термин на одигрување на дербито е наредниот ден, понеделник (26 октомври).

Интересно е што дербито ќе се игра во термин на доделување на наградата „Златна топка“, а актуелниот европски шампион на свечената церемонија ќе испрати неколку фудбалери во Лондон.

ПСЖ и Олимпик Лион по седум кола се лидери на табелата во Лига 1 со по 14 освоени бодови.

Се вчитува...