Ненад Димитријевиќ експресно се наметна како еден од лидерите на тимот на Арис, клуб кој влегува со сериозни амбиции во новата сезона предводен од тренерот Василис Спанулис.
Нено игра извонредно како во Еврокупот, така и во домашното првенство, но Спанулис сепак реши да му даде заслужен одмор на претстојниот натпревар од грчкото првенство против Миконос.
Грчките медиуми најавуваат дека Македонецот овој дуел ќе го следи од трибините. Воопшто не станува збор за никаква повреда, туку за желба на стручниот штаб да му даде поголема минутажа на Стефан Јовиќ, искусниот српски плејмејкер кој се враќа по подолга пауза поради повреда.
Спанулис верува дека неговиот тим е супериорен во квалитет во однос на противникот и дека може да стигне до рутински триумф и без помошта на Димитријевиќ, кој ќее се врати во тимот на Арис веќе за наредниот дуел од Еврокупот, на домашен терен против Цедевита Олимпија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
