Ваква доминација на Партизан немало речиси 15 години: Пењароја е ноќна мора за Црвена звезда

Првото вечно кошаркарско дерби во новата сезона меѓу Партизан и Црвена звезда заврши со триумф на „црно-белите“ од 85:82 по продолжението од пет минути. Ова воедно беше петта победа по ред за Партизан во дуелите со Црвена звезда откако на клупата седи Жоан Пењароја.

Ова е најдолга победничка серија на Партизан во мечевите со големиот ривал по речиси 15 години, односно од 2012 година.

Победничката серија започна во април годинава кога Партизан славеше и во вториот евролигашни дуел од минатата сезона, потоа нанижа и три победи по ред во полуфиналето од плејофот во АБА-лигата. Синоќа со тројката на Пајола во продолжението, Партизан ја оствари петтата победа во низа.

Претходната победничка серија на Партизан во мечевите со Црвена звезда започна во февруари 2010 година кога на клупата седеше Душко Вујошевиќ, а потоа и Владимир Јовановиќ. Партизан од 2010 до 2012 година, имаше дури 14 победи по ред над Црвена звезда. Серијата беше запрена во јуни 2012 година кога Црвена звезда славеше во вториот натпреварот од финалето во српскиот шампионат со 68:56.

Потоа работите се променија во корист на Црвена звезда, а во периодот кога тренер беше Јанис Сферопулос, „црвено-белите“ имаа серија од осум победи по ред во меѓусебните дуели, со тоа што последната победа им беше доделена со службени 20:0.

Се вчитува...