Компани колабирал на денешниот тренинг, итно со хеликоптер е префрлен во болница

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, денеска итно е префрлен со хеликоптер во болница во Минхен, објави „Билд“.

Компани колабирал за време на денешниот тренинг, по што во тренинг центарот на Баерн пристигнал хеликоптер со кој итно бил пренесен во болница.

 

Според „Билд“, Компани минатата недела не се чувствувал добро поради вирусна инфекција, во победата над Лајпциг од 6:1 во Бундеслигата, на полувремето и по натреварот, тој морал да легне на софа во својата канцеларија на „Алијанц Арената“.

По натпреварот, интервјуата им ги препушти на спортските директори на клуб.

Во понеделникот, Компани не присуствувал на тренингот на Баерн бидејќи бил на детални прегледи кои ги извршил клупскиот доктор, проф. д-р Роланд Шмит. Следниот ден, Белгиецот не можеше да го води последниот тренинг пред натпреварот во Лигата на шампионите против Арсенал (2:2).

Според „Билд“, Компани изминатата недела имал проблеми и кога се качувал по скали.

Се вчитува...