„Ѕидот“ Валах во тимот на петтото коло во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Милош Валах, беше неверојатен во големата победа на „црвено-црните“ од 27:33 над Нант во петтото коло во првата фаза во Лигата на шампионите, и за неверојатните одбрани, добри двојна награда.

Валах кој натпреварот го заврши со 17 одбрани, прво од страна на ЕФХ беше прогласен за голман на колото, а потоа, сосема заслужено се најде и во тимот на петтото коло во ЛШ.

Покрај Валах, во тимот на колото се најдоа уште и Лукас Мертенс од Магдебург, Филип Вебер од Магдебург, Балдур Бјарнасон од Кристианштад, Франциско Коста од Спортинг кој е прогласен и за МВП на колото, Феран Соле од ПСЖ и Тео Монар од Киелце.

Се вчитува...