Де Лаурентис одбил 3.5 милијарди евра за продажба на Наполи

Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, нема намера да се откаже од фудбалскиот тим и покрај сериозниот интерес од инвеститори до Саудиска Арабија. Според Де Лаурентис, инвеститорите од Блискиот Исток му понудиле 3.5 милијарди евра за купување на Наполи.

Де Лаурентис, обва го откри гостувајќи на локално радио во Неапол и притоа порача дека сè уште нема намера да се повлече од фудбалот.

„Арапите сакаа да ми понудат 3.5 милијарди евра, но јас не сакав да одам во пензија. Наполи не е на продажба“, открива Де Лаурентис.

Првите контакти со инвеститорите од Саудиска Арабија биле направени пред една година, по што следеле разговори на правните тимови на двете страни, но никогаш не дошло до барање за детална финансиска проверка на Наполи од страна на заинтересираната страна.

Според, првиот човек на Наполи, предлогот на инвеститорите бил улогата на Де Лаурентис во Наполи постепено да се намалува, се до позиција на почесен претседател.

„Барав гаранции дека работата која ја градиме 22 години да продолжи. Имав обврска кон навивачите на Наполи кои ги има низ целиот свет“, открива Де Лаурентис.

Тој истакна дека и понатаму сака да го води тимот кој во изминатите 22 години од Серија Ц го направи еден од најголемите и најуспешните во Италија.

„Филмови и понатаму знам да правам, додека за фудбалот никогаш не знаев како се води. Но, научив да го водам иако се соочував со големи предизвици. Засега не сум донел одлука да го продадам Наполи. Ако се одлучам на такво нешто, тогаш би сакал да го купи некој од Неапол, а не Американец. Ако некој од Неапол сака да ме замени за две, три, пет години, нема проблеми, ќе се повлечам“, додава Де Лаурентис.

Се вчитува...