Инфантино е сè поблиску до нов мандат на чело на ФИФА, ја доби поддршката од Азија

Фудбалската конфедерација на Азија (АФЦ) му даде поддршка на Џани Инфантино за нов мандат на чело на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Ова претставува пресврт во ставот на АФЦ во однос на Претходниот став од пред два месеци кога Инфантино беше на ставен на столбот на срамот откако се обиде да ги продаде Светските првенства на приватни инвеститори.

Претседателот на АФЦ, Салман бин Ибрахим Ал-Калифа, зборувајќи на вонредниот конгрес на оваа организација во Токио, Јапонија, додека му даваше поддршка го прегрна Инфантино.

„Ја потврдуваме нашата целосна посветеност и поддршка кон вас додека барате нов мандат на местото претседател на ФИФА. Посетивте многу азиски земји, разговарав со многу земји членки на овој континент и знам каков е вашиот став и верувам дека вашата посветеност е јасна“, изјави претседателот на АФЦ.

АФЦ има 47 земји членки и доколку сите земји членки не ги следат насоките на шеикот Салман, овие гласови модат да бидат клучни Инфантино на изборите во март идната година, да добие нов мандат.

Засега, Инфантино е единствен кој официјално се кандидира за претседател на ФИФА, а последниот рок за доставување на кандидатури е 18 ноември.

овинската агенција Асошиејтед прес, минатата недела објави дека инфантино ја има поддршката од 90 земји членки на ФИФА од вкупно 211 и е многу блиску до нов мандат.

Се вчитува...