Ништо од традиционалниот ручек пред Ел Класико, Перез не доаѓа во Барселона

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, нема да присуствува на „Камп Ноу“ да го следи Ел Класико и дуелот со Барселона кој ќе се игра в недела.

Весникот „Мундо депортиво“ пишува дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, веќе бил известен дека Перез нема да патува со екипата на Реал.

Шпанските медиуми пишуваат дека нема да се одржи ниту традиционалниот ручек меѓу двете управи.

Според весникот „Ас“, челниците на екипите ќе испијат само кафе во издвоена просторија на „Камп Ноу“.

Токму Перез го иницираше прекинот на традиционалниот ручек меѓу управите на двата тима пред Ел Класико поради расколот кој започна во 2023 година.

Перез не присуствуваше на Ел Класико кое се одигра во март 2023 година на стадионот „Монжуик“ во Барселона, а причина за тоа е аферата Негреира.

Реал Мадрид ја обвинува Барселона дека со години му плаќала на поранешниот потпретседател на судиската комисија на фудбалската федерација на Шпанија, Хозе Мариа Енрике Негреира. Барселона не ги негира уплатите кон фирмата на Негреира, но тврди дека тие се за анализа на судењето на нејзините натпревари.

Се вчитува...