Охрид убедлив во првиот меч против Спор Тото во ЕХФ купот

Актуелниот шампион во третото по ранг натпреварување на стариот континент ЕХФ купот, ГРК Охрид победнички ја стартуваше одбраната на титулата откако вечерва во првиот натпревар од двомечот од 2. коло славеше убедливо против турскиот Спор Тото со 36-24.

Охриѓани уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот откако на пауза заминаа со позитива од осум гола 18-10. Во вториот дел избраниците на Ројевиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 36-24.

Доминик Мате со десет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Илкан Келесоглу постигна осум гола. Реваншот е закажан за утре со почеток во 18.30 часот.

Се вчитува...