По дебаклот во Комо во Лигата на шампионите и серијата од седум натпревари без победа во сите натпреварувања, се почесто се зборува за отказ за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик.
„Црвените ѓаволи“ се веќе седум натпревари без победа во сите натпреварувања. Во Премиер лигата го заземаат скромното 13-то место со седум бода само два повеќе од зоната за испаѓање додека во Лигата на шампионите, по три кола, се наоѓаат на 20. позиција со една победа и два пораза.
Англиските медиуми веќе шпекулираат за тоа кој би можел да го наследи Керик, кој го предводи клубот од јануари оваа година. Поранешниот играч од средниот ред на Јунајтед првично беше назначен привремено за да го замени Рубен Аморим на клупата, а потоа ги надмина очекувањата, водејќи го тимот до третото место. Сепак, оваа сезона работите тргнаа по надолна линија.
Се шпекулира дека неделниот натпревар против Борнмут би можел да биде клучен за иднината на Керик. Дел од медиумите објавија и листа на можни кандидати за нов менаџер, на која се наоѓаат Германците Јулијан Нагелсман и Фабијан Хурцелер, како и Англичаните Еди Хау и Киран Меккена.
Нагелсман, Конте, Хау и Меккена моментално се без ангажман, додека Хурцелер го предводи тимот на Брајтон и Хоув Албион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
