Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов конечно ја прослави својата прва победа на клупата на Земун, откако неговиот тим славеше со минимални 1-0 против Мачва во рамките на 13. коло од српската Суперлига.
Мечот се одигра на стадионот „Драган Џајиќ“ во Уб, а човек на одлука беше Табаковиќ, кој во 80. минута ја затресе мрежата на противникот и го постигна единствениот гол на натпреварот.
По враќањето во елитното српско фудбалско друштво, Земун долго чекаше на првиот успех, имајќи предвид дека во претходните 12 настапи забележа само три нерешени средби и претрпе дури девет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
