Фенербахче го доби дербито со Олимпијакос, Жалгирис убедлив со АСВЕЛ

Кошаркарите на Фенербахче славеа на гостувањето кај Олимпијакос со 61-64 во дерби натпреварот од 7. коло од новата сезона во Евролигата. Иако Грците имаа плус десет на полувреме 34-24, Турците одиграа одлично во вториот дел и на крајот успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 61-64.

Шејвон Шилдс со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Саша Везенков исто така заврши со 17 поени.

Жалгирис стигна до убедлива победа на домашен терен против АСВЕЛ од 105-85.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...