Лејкерс го добија дербито со Клиперс, нов пораз на Мајами и на Сан Антонио (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 12 натпревари.

Лос Анџелес лејкерс стигнаа до втората победа сезонава откако во градското дерби славеа на гостувањето кај Клиперс со 125-117. Остин Ривс со 28 поени беше прво име кај победникот, додека Лука Дончиќ заврши со 23 поени. Кај поразените Дариус Гарланд постигна 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Милвоки – Чикаго 125-132, Бостон – Њујорк 107-103, Шарлот – Атланта 81-128, Индијана – Далас 105-121, Орландо – Минесота 93-115, Вашингтон – Торонто 102-112, Мајами – Детроит 111-128, Сан Антонио – Хјустон 110-114, Јута – Њу Орлеанс 120-119, Голден стејт – Мемфис 108-111 и Сакраменто – Портланд 120-128.

Се вчитува...