Во моментите кога се подготвува во 2027 година да започне ново натпреварување во Европа, пет европски фудбалски клубови во вторник во Лондон ќе имаат средба со претставници на НБА-лигата.
На состанокот со челниците на НБА-лигата ќе присуствуваат претставници на ПСЖ, Милан, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен, објави новинарот на „скај њуз“, Марк Клајнман.
Претставниците на фудбалските гиганти идната недела ќе престојуваат во Лондон поради церемонијата на доделување на „Златната топка“ која е закажана за понеделник. Засега не е познато дали средбата со претставници на НБА ќе биде во живо или преку видео-врска.
Планот на НБА е новото натпреварување да има 12 екипи со загарантирано учество, додека четири екипи до место во НБА-Европа би доаѓале преку квалификации.
Интересно е што Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен, се членови на Евролигата и нивни претставници претходно учествуваа на состанокот на Евролигата кога беше одбиена понудата на НБА за заедничка лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
