Поранешниот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс и членот на Хапоел Тел Авив, Зек Ледеј, се прогласени за најкорисни играчи (МВП) на седмото коло во Евролигата. Двајцата кошаркари прикажаа брилијантни партии за своите тимови, остварувајќи идентичен индекс на корисност од 33 поени.
Плејмејкерот Шортс беше незапирлив во дресот на Валенсија и со 25 поени и девет асистенции ја предводеше својата екипа до триумф над неговиот поранешен клуб Париз со 104-93.
Во исто време, поранешниот кошаркар на Партизан, Зек Ледеј, со дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока беше клучниот фактор во победата на Хапоел над Виртус Болоња (90-81).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
