Алексовска до доминантна победа над Хаѕопулу од Грција (ВИДЕО)

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска оствари голема победа на престижниот ФНЦ 34 настан кој се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Најдобрата млада спортистка на Македонија за 2025 година уште еднаш ја потврди својата класа и ја совлада Мина Хаѕопулу од Грција со принуда (субмисија) по три рунди жестока борба.

Алексовска, која во кафезот влезе со импресивно педигре како бронзена од Светското ММА првенство во Тбилиси 2025 и полуфиналистка од Ташкент 2024, ја оправда улогата на еден од најперспективните женски борци во регионот. Клучниот момент се случи кога Македонката успеа да ја собори Хаѕопулу на земја, по што и нанесе серија од десет силни удари во пределот на главата. По оваа доминација, грчката борачка ги крена рацете во знак на предавање, по што судиите ја прекинаа борбата.

Со овој триумф, Алексовска стигна до својата шеста победа со субмисија (од вкупно девет во кариерата), дополнително зацврстувајќи го својот статус на македонската и регионалната ММА сцена.

Се вчитува...