Несторовски запиша две асистенции, па доби директен црвен картон

Илија Несторовски продолжува со одличните партии сезонава во дресот на Славен Белупо откако беше главен виновник за победата на неговиот тим од 1-2 на гостувањето кај Вараждин на Марио Младеновски.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Таварес во 6. минута. Во вториот дел гостите стигнаа до целосен пресврт со двете асистенции на Несторовски кои во гол ги претворија Митровиќ и Бановец.

Несторовски сепак не го дочека крајот на овој меч бидејќи доби директен црвен картон во 79. минута.

Се вчитува...