Aлкалоид со нова лесна победа против Ферлах

Ракометарите на Алкалоид стигнаа до нова победа, овојпат на гостински терен против Ферлах од 18-32 со која си го трасираа патот во следната рунда во третото по ранг европско натпреварување, ЕХФ купот.

По победата во Скопје, тимот од Автокоманда и вечерва на гостувањето во Австрија го контролираше мечот во текот сите 60 минути, па на крајот стигна до убедлив триумф од 18-32.

Никола Костески со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Тони Перкушиќ исто така постигна седум гола.

Се вчитува...