Фудбалерот на Црвена звезда, Василије Костов, го постигна најубавиот гол во 2. коло од Конференциската лига.
Фудбалерите на Црвена ѕвезда одиграа нерешено против Копенхаген (2-2) во второто коло од Конференциската лига, а натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ го одбележа голот на Василије Костов, кој официјално беше прогласен за најубав гол во ова коло.
Играта се одвиваше во 41. минута кога „црвено-белите“ стигнаа до вториот погодок на натпреварот, Костов упати силен удар од работ на шеснаесетникот, а топката од пречката се одби во мрежата на данскиот тим, предизвикувајќи голема радост на трибините.
„Има само 18 години, а постигна гол од соништата“, стои во објавата на Инстаграм-профилот на Конференциската лига.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
