Нејмар полуде – доби црвен картон, па тргна да се тепа со противникот (видео)

Нејмар станува се попроблематичен како што се ближи крајот на неговата кариера, па така некогашната суперѕвезда се посрамоти на синоќешниот дуел на кој неговиот Сантош ремизираше 1-1 со Бахија, дуел на кој легендарниот голгетер доби црвен картон.

Тој доби жолт картон поради конфликт со противничкиот фудбалер Нестор, кого Нејмар го погоди со топка бесен по грубиот старт врз него. Препукувањето продолжи десетина минути подоцна, Нејмар се обидуваше да го испровоцира Нестор, но притоа ја покри устата со рака, по што овој играч бурно протестираше кај судиите барајќи санкција согласно новите правила.

На крајот, легендарниот напаѓач доби директен црвен картон, но тоа не беше и крај на бурата бидејќи збеснатиот Нејмар тргна да се тепа со Нестор, но за среќа беше спречен од своите соиграчи.

„Она што ми го направи Нестор денеска е многу сериозно. Новото правило е создадено за борба против расизмот, а тој го искористи за да добијам црвен картон и неговиот тим да има предност на теренот. Не му реков ништо лошо, секако дека меѓусебно се провоциравме, но тоа е дел од фудбалот. Тоа што тој го направи е чиста злоба, ја крена раката да се пожали во истиот момент кога јас заборавив и ја ставив мојата рака преку уста, иако во тој момент не му кажав буквално ништо“, се пожали Нејмар по натпреварот.

Се вчитува...