Алварез со јавно извинувањe до навивачите: Разбирам зошто сте бесни…

Хулијан Алварез го постигна победничкиот погодок за Атлетико Мадрид на синоќешниот дуел со Ла Коруња, по што аргентинскиот голгетер застана пред камерите – и упати јавно извинување до навивачите на својот клуб.

Извинувањето се однесуваше на бурниот летен преоден рок во кој Алварез инсистираше на трансфер во лутиот ривал Барселона, што не му беше дозволено, а Аргентинецот со своето однесување го навлече бесот на мадридските фанови.

„Сакам да се извинам на нашите фанови за она што го реков за време на светското првенство. Погрешив во тоа како го реков, како и во тајмингот. Разбирам зошто сте бесни, да бев навивач и јас ќе бев бесен. Нема да заборавам каква поддршка ми дадовте од првиот ден кога пристигнав овде… Се надевамм дека со напорна работа и со скромност ќе ја свртам целта ситауција. Сакам да му помогнам на тимот да победува, ќе го давам максимумот за тоа да се случи“, истакна Алварез по својот прв погодок на „Ванда Метрополитано“ по бурното лето.

Веднаш се огласи и тренерот Диего Симеоне, кој го поздрави ваквиот гест на својот сонародник.

„Отсекогаш сум имал максимална почит кон оние луѓе кои знаат да се извинат кога погрешиле. Верувајте, тоа не е нималку лесно, но мило ми е што Алварез покажа големина“, прокоментира стратегот на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...