Во второто коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени, МЗТ Скопје Аеродром ја забележа првата победа во сезоната, додека Вардар стигна до вториот триумф, совладувајќи ја убедливо Гевгелија.
Кошаркарките на Вардар ја забележаа втората победа во новата сезона, откако на домашен терен славеа убедливо против Гевгелија со 96:62. „Вардарки“ уште во првата четвртина ја најавија својата доминација, стекнувајќи се со предност од 24:15. До паузата ја зголемија разликата на 51:29, по што сигурно го приведоа натпреварот до крај.
Во ефикасниот напад на Вардар се истакнаа пет кошаркарки со двоцифрен број поени. Послевска и Николиќ постигнаа по 19, Донмез запиша 13, Зафировска 11, а Б. Николиќ уште 10 поени.
Кај гостинската екипа, Џагаровска беше најефикасна со 15 поени, додека Стојковска постигна 12.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПАТРИОТ 2016 78:45
Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа првата победа во новата сезона на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени, откако убедливо го совладаа Патриот 2016 со 78:45.
Шекина Рејчел беше најзаслужна за триумфот на домашната екипа со извонреден настап од 32 поени и 18 скока. Значајна поддршка доби од Балабанова, која го заврши натпреварот со 17 поени.
Во редовите на Патриот 2016, Ангеловска Имаме постигна 11 поени, на кои додаде 10 скока и три асистенции, додека Рашова оствари исто така 11 поени и пет скока.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Патриот 2016 78:45
Вардар – Гевгелија 96:62
Баскет кам – Пробаскет 75:66
25. ОКТОМВРИ
18.00: Крива Паланка – Бадел 1862
Спортска сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
