Се е подготвено за големата пресметка на „Камп Ноу“, мегадуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на кој „кралевите“ ќе се обидат да ја прекинат победничката серија на големиот ривал.
Ханси Флик и неговите избраници пред неколку дена загубија од ПСЖ во рамките од ЛШ, но на германскиот стратег му е јасно дека нема потреба дополнително да ги мотивира своите фудбалери во пресрет на најголемиот меч во светскиот фудбал.
„Ел Класико е меч различен од сите останати, според мене тоа е најдобриот натпревар во овој спорт, дуел што се гледа буквално на сите делови од светот. Сакате да победите, но овој дуел е за многу повеќе од три бода. Мене ми е чест што повторно ќе бидам дел од овој спектакл. Сите во тимот едвај чекаат да почне мечот, подготвени сме и полни со самодоверба“, истакна Флик.
Германскиот стратег лани имаше успех во дуелите со Реал Мадрид, но вечерва за противник ќе го има Жозе Мурињо.
„За Мурињо можам да кажам се најдборо, имам разговарано со германски тренери кои соработувале со него и ми кажуваат само најпозитивни работи. Впрочем, тој неслучајно толку години работи во врвни клубови и остварува одлични резултати“, го пофали Флик својот вечерашен ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
