Ројевиќ: Охрид да стигне што подалеку во Европа и оваа сезона

Борис Ројевиќ не го криеше задоволството откако Охрид рутински ја одработе задачата на двомечот со турскиот Спор Тото, без мака минувајќи ја првата пречка во ЕХФ Европскиот куп.

„Сино-белите“ двата меча ги играа на домашен терен и ја оправдаа фаворитската улога, Ројевиќ имаше можност за бројни ротации во тимот што воопшто не се одразија врз конечниот исход, па Охрид го доби синоќешниот втор меч со 38-22.

„Задоволен сум, добар резултат и на вториот натпревар, славевме со вкупно 28 гола разлика на двете средби, честитки на моите ракометари. Имавме многу повеќе периоди на добра игра отколку на лоша, имавме одредени моменти на опуштање што е нормално, но генерално гледано јас сум задоволен од пристапот на целата екипа. И овие момци кои добија шанса покажаа дека имаат квалитет и јас им честитам на тоа. Ја чекаме ждрепката во вторник, има навистина добри екипи во ова натпреварување, но се надеваме дека ќе дотуркаме до самиот крај. Ќе видиме, тоа ќе зависи од ждрепката и од многу други работи, но наше е да продолжиме да работиме и да го даваме својот максимум“, истакна Ројевиќ.

Се вчитува...