Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен за вечерашната дерби пресметка со Барселона откако Тибо Куртоа во последен момент отпадна од комбинација за настап на „Ел Класико“.
Белгиецот настапи на сите натпревари на Реал Мадрид сезонава, се очекуваше да биде стартер и вечерва, но поради болест нема да може да му помогне на својот тим.
Лекарскиот тим на Реал се обидуваше да го оспособи големиот ас за настап на дербито, но не успеа во својата намера, по што „кралевите“ објавија дека Куртоа дефинитивно нема да можже да настапи на „Камп ноу“.
Во негово отсуство шанса од првата минута ќе добие Лунин, па ќе биде интересно да се види колку украинскиот чуввар на мрежата ќе успее да го запре атомскиот напад на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
