Кошмар за Арсенал – Сака мора на долга пауза

Aрсенал се израмни со Манчестер Сити на делба на првото место во Премиер-лигата, но Микел Артета доби загрижувачка вест од својот медицински тим – поврзана со капитенот Букајо Сака.

Крилниот офанзивец се повреди во првото полувреме од дуелот со Баерн во Лигата на Шампионите, а информациите кои стигнуваат од таборот на „топчиите“ се загрижувачки.

Имено, станува збор за кинење на мускулот на ногата, поради што се огромни шанси дека Сака нема да може да се врати во тимот најмалку до крајот на годинава. Првите прогнози на лекарите вела дека паузата ќе изнесува околу шест седмици, но како што минува времето, така се зголемува и песимизмот околу здравствената состојба на овој лидер на „топчиите“.

Сака претпоследната сезона паузираше повеќе од три месеци при слична повреда, па „топчиите“ затоа не сакаат да брзаат и внимателно ќе ја следат ситуацијата.

Се вчитува...