„Бомба“ од Хрватска: Тијаго Алкантара на клупата на Динамо?

Звонимир Бобан во јавноста му искажува доверба на тренерот на Динамо Загреб, Марио Ковачевиќ, но хрватските медиуми тврдат дека првиот човек на „модрите“ веќе почнал да разгледува нови опции за кормилото на овој клуб.

Бобан подготвува „бомба“ за тренерското место, откако беше објавено дека тој веќе водел преговори со Тијаго Алкантара, извонредниот шпански плејмејкер кој пред неколку сезони ја заврши кариерата и заплови во тренерски води. Тијаго кратко време беше дел од стручниот штаб на Ханси Флик во Барселона, си замина за да почне самостојна тренерска кариера, но засега нема добиено понуда што би го заинтересирала.

Бобан верува дека шпански тренер со модерни сфаќања за фудбалот е она што му е неопходно на Динамо гледано долгорочно и затоа веќе стапил во контакт со Тијаго, кого го гледа како идеален кандидат.

Разговорите засега се во почетна фаза, но би можеле да се интензивираат во најскоро време, особено доколку Динамо по последниот пораз во европските купови од НЕК Нијмеген повторно „киксне“, со што Ковачевиќ дефинитивно би се соочил со опасност од отказ, а Тијаго би бил меѓу главнит кандидати за негов наследник.

Се вчитува...