Сила сам го победи Башкими

Тиквеш продолжи со серијата добри игри во ПМФЛ, славејќи на домашен терен над екипата на Башкими со убедливи 3-1. Во главна улога беше извонредниот Сила, кој влезе во игра во вториот дел и со два гола и една асистнеција самиот му ги донесе тите бода на Тиквеш.

Гостите од Куманово во првото полувреме успеаја да парираат на одмор заминувајќи без погодоци, но фаворитот покажа дека е поквалитетен, притисна на самиот почеток од вториот дел и рутински си ги осигура трите бода.

Отпорот на гостите беше скршен во 51. минута кога мрежата на Башкими ја затресе Сила, кој веднаш по влегувањето во игра се запиша меѓу стрелците. Најдобриот напаѓач на Тиквеш во 60. минута постигна и втор погодок, а три минути подоцна асистираше во акцијата за 3-0.

Конечните 3-1 во самиот финиш за Башкими ги постави Лимани.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...