Нагелсман на „седмо небо“ – бира меѓу два гиганти и селекторско место

Манчестер Јунајтед одново го чека бурно лето во кое со оглед на промената на раководните лица не се исклучува и можноста за промена на Ерик тен Хаг. Холандскиот стратег веќе подолго време се поврзува со отказ, а според англиските медиуми желбата на новото раководство е него да го замени Јулијан Нагелсман.

Селекторот на германскта репрезентација ќе ја врши оваа улога најмалку до крајот на престојното европско првенство по што ќе биде слободен да ја бира новата средина. Федерацијата е задоволна од неговата работа и сака да го задржи младиот стратег на клупата, но се чини дека тоа ќе биде потешко од очекуваното бидејќи Манчестер Јунаjтед не е единствениот гигант заинтересиран за неговиот потпис.

Неговата ситуација ја следи и неговиот поранешен клуб Баерн Минхен каде раководните лица дошле до заклучок дека не добил доволно време да ја докаже вредноста. Со заминувањето на Томас Тухел на крајот на сезоната се отвара шанса за камбек на „Алијанц Арена“, а Нагелсман дефинитивно се наоѓа на слатки маки, да избере дали ќе отане селектор или ќе замине на клупата на некој европски гигант.

Се вчитува...