Тодор Тодороски пред „кам-бек“ во Вардар, можен ангажман и на голманот Илиев

Романските медиуми пишуваат дека повремениот македонски репрезентативец Тодор Тодороски, зимава речиси сигурно си заминува од таборот на Политехника Јаши.

Тодороски наводно веќе не бил во плановите на романскиот тим, и зимава ќе си бара нова средина. Тој пристигна во Поли Јаши на почетокот на годинава од Залаегерсег. Претходно играше за Сумгаит, Серед, Раднички Ниш, Осијек, а беше дел од Вардар.

Токму враќањето од Вардар е една од комбинациите за Тодороски, дознава ЕКИПА. „Црвено-црните“ низ зимскиот преоден рок сакаат да направат консолидиран тим, со кој речиси сигурно ќе изборат најпрво опстанок во „елитата“, а потоа низ годините кои доаѓаат ќе се обидат да ги вратат старите шампионски денови.

Исто така можен ангажман во Вардар се споменува и на голманот Дејан Илиев. Илиев во моментов е дел од Арад, исто така од Романијa, но сезонава настапи само на првите два натпревари, а потоа беше надвор од составот поради повреда. Се врати од повредата, но го загуби првотимскиот статус, поради што на последните два меча беше на клупата.

Се вчитува...