Камерунската боречка ѕвезда Францис Нгану го промени ММА со боксот каде и покрај тоа што не доживеа слава, забележувајќи два порази од Тајсон Фјури и Ентони Џошуа се гледа себе си и во иднина.
Корпулентниот 38-годишник Нгану не ја крие желбата да се најде во рингот со поранешниот светки шампион, Американецот Деонте Вајлдер.
„Следниот меч сакам да ми биде во боксот. Тоа не нешто што навистина сакам. Тој е спортот кој едноставно најдобро го разбирам и имам најголемо искуство“, изјави Нгану кој потоа говореше за Вајлдер.
„Шансите дека некој од нас ќе „заспие“ се 80 отсто. Тој или јас, некој ќе заспие. Можеби тоа не го покажа во последните два настапи, но Деонте Вајдер е познат како тип кој секој го нокаутира или пак прави се од себе да го направи тоа. И јас можам да нокаутирам противник. Длабоко во мене, ме мачи егото, како да знам дека удирам посилно од него.
Од искуство велам дека двајцата ќе бидеме егоистични и ќе сакаме да докажеме кој има посилен удар. Има дилема за тоа кој има посилен удар, а и покрај тоа што понекогаш не ми е грижа за дилемата, некаде во главата постојано ми стои таа мисла“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА