Дефанзивецот на Интер, Франчесто Ачерби одби да игра за италијанската репрезентација во мундијалските квалификации против Норвешка и Молдавија, иако синоќа го одигра финалниот меч помеѓу неговиот тим и ПСЖ.
Првично, Ачерби не ја образложи причината за ваквиот потег. Иако се шпекулираше дека има некаква повреда, меѓутоа тоа не е вистинската причина. Најверојатно причината е несогласувања со селекторот. Можеби Ачерби повеќе нема да игра за репрезентацијата на „азурите“ со оглед дека веќе има 37 години.
„По длабоко размислување, денеска одлучив да не го прифатам повикот во репрезентацијата. Тоа не е лесен избор, затоа што дресот на репрезентацијата на мојата земја секогаш ми била чест и гордост. Сепак, по неодамнешните настани во моментов нема услови мирно да продолжиме по заедничкиот пат. Не барам изговори, само сакам почит. И ако оваа почит недостасува од оние кои треба да ја водат селекцијата, тогаш попрво ќе се повлечам. Не сум од оние што прифаќаат предизвици по секоја цена. Секогаш сум давал сè од себе, но нема да останам таму каде што повеќе не сум потребен и јасно е дека не сум дел од проектот на тренерот. Ова е моја одлука и, како што му кажав на тренерот утрово, таа не е конечна и не е диктирана од лутина или „депресија“ поради загубеното финале во Лигата на шампионите, туку едноставно од потребата да се направи чекор назад. Им посакувам се најдобро на моите соиграчи во Италија, и ќе продолжам да ги поддржувам“, напиша Ачерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

