Возачот на Априлја, Хорхе Мартин, триумфираше на трката за Големата награда на Франција од шампионатот Мото ГП.
Мартин дојде до својата прва победа во сезоната на патеката Ле Ман откако ја заврши трката за 41.18.001 минути.
Неговиот колега Марко Бечеки беше втор, 0.477 секунди зад него, додека возачот на Тракхаус, Аи Огура, заврши трет, со 0.874 секунди зад Мартин.
Актуелниот шампион Марк Маркез не возеше поради скршеница на стапалото што ја доби по падот на спринт трката во саботата.
Бечеки е лидер во генералниот пласман со 128 поени, втор е Мартин со 127, а трет е Фабио ди Џанантонио со 84.
🦾 @88jorgemartin gets his first win since 2024 with Bezzecchi and @AiOgura79 on the podium #FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/TNQ1i3UnVd
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 10, 2026
Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 17 мај за Големата награда на Каталонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
