Фудбалерите на АП Брера имаат водство од 2-1 по првото полувреме во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.
А, уште во 1. минута, односно по само 28 секунди, „романтичарите“ дојдоа до водство од 0-1 со голот на Хоџа.
Сепак, веќе во 3. минута Никола Величковски израмни на 1-1 за Брера…
И, потоа целосен пресврт на домашните фудбалери. Во 31. минута и втор гол на мечот на Величковски за предност од 2-1 на Брера.
Величковски имаше можност и за хет-трик, но во 45. минута не успеа да реализира удар од белата точка.
На останатите два денешни натпревари од 31. коло во ПМФЛ, по првото полувреме, Тиквеш води на гостувањето против Македонија ЃП со 0-2. Стрелци на головите за Тиквеш беа Окере и Сила.
А, Арсими има предност од 1-0 против Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
