Алкалоид го демолираше австриски Ферлах на стартот од ЕХФ Европскиот Куп (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Алкалоид победнички стартуваа во Европскиот Куп на ЕХФ, натпреварувањето кое го освоија пред двегодини, откако убедливо на домашен терен во првиот меч од 2. коло славеа против австриски Ферлах со 31-22.

Тимот на Кирил Лазаров иако без Ненад Костески, Вуко Борозан и Валентин Карасманакис, уште од стартот на натпреварот јасно дадоа до знаење кој е кој во оваа пресметка.

Со одличен стартсе дојде до 6-2, за да низ континуирано добра игра до полувремето, македонскиот тим дојде до пет гола разлика (16-11).

Во второто полувреме се продолжи со одржување на предноста од пет гола, се до последните десет минути кога низ извонредна серија се дојде до конечниот триумф од највисоки 30-21.

Марко Митев беше извонреден кај Алкалоид со седум гола, Никола Костески постигна шест гола, додека Монси Тордарсон заврши со пет погодоци. Кај Ферлах, Тони Перкушиќ имаше седум гола.

Реваншот меѓу Алкалоид и Ферлах се игра на 24 октомври во Виена.

 

Се вчитува...