Американците тргнаа по Клоп, веднаш добија „ладен туш“

Јирген Клоп нецели два месеци е на одмор од фудбалот по заминувањето од Ливерпул, а трофејниот стратег веќе доби конкретна понуда за нов ангажман.

Фудбалската Асоцијација на САД денеска му врачи отказ на Грег Берхалтер, стапувајќи во контакт со Клоп за токму овој стратег да го преземе кормилото на американскиот национален тим и да ја води оваа селекција на следниот мундијал што ќе го игра на домашен терен. Било стапено во контакт директно со Клоп, но германскиот стратег експресно ја одбил добиената понуда јасно ставајќи до знаење дека нема да го промени ставот по заминувањето од Ливерпул.

Тој најави декаќе земе најмалку една година одмор од фудбалот бидејќи се чувствува исцрпено по серијата тешки сезони со англискиот гигант, во меѓувреме си купи и вила во Палма де Мајорка, каде Клоп го минува летото.

Американците ќе мора да бараат друга опција за селектор, со надеж дека ќе успеат да убедат некој врвен стратег да ја преземе оваа национална селекција за наредниот мундијал.

Се вчитува...