Анчелоти: Баерн ќе биде многу посилен со Хамес Родригез

Германскиот првак Баерн Минхен и официјално го претстави своето ново засилување, колумбискиот интернационалец Хамес Родригез, кој дојде како позајмен играч од Реал Мадрид. Тој ќе остане две сезони на позајмица на „Алијанц арена“, со можност Баерн Минхен потоа да го откупи неговиот договор за 38 милиони евра.

Тренерот Карло Анчелоти е главниот „виновник“ за преселбата на Хамес Родригез во Германија.

hames prezentacija

„Хамес е играч од врвна класа, сите многу добро ги знаеме неговите квалитети. Јас работев со него во минатото и знам дека Баерн Минхен ќе биде многу посилен со него. Се радувам што повторно ќе соработуваме“, изјави италијанскиот стратег.

Хамес Родригез добива шанса да ги покаже своите квалитети во нов голем европски клуб.

„Ова за мене е еден нов почеток, се надевам убав и успешен, со многу трофеи и мои добри игри. Не размислував премногу кога се јави Карло Анчелоти и побара да дојдам во Баерн Минхен“, истакна колумбискиот интернационалец.

Се вчитува...