Жорге Жезус ја има поддршката од огромен дел од португалската јавност во конфликтот со Кристијано Роналдо, a во прилог му одат и резултатите откако Португалците по победите во Норвешка и во Данска направија џиновски чекор кон осигурување на првото место во групата.
Искусниот стратег јасно стави до знаење дека нема намера да молчи за скандалозното однесување на Кристијано Роналдо, но замоли за тоа да се почека до неделниот дуел со Норвешка по кој јавно ќе проговори на темата.
„Нема да молчам… минав толку години во фудбалот, знам што е нормално, што не е и можам да кажам дека не направив ништо погрешно, мене совеста ми е чиста… Треба да биде јасно, нема да молчам, нема да се кријам. Само сакам фокусот да остане на натпреварите, затоа ќе почекаме до мечот со Норвешка в недела, а потоа ќе кажам се што имам“, изјави Жезус.
Одлуките на селекторот се покажуваат како исправни бидејќи Гонсало Рамос, кој доби шанса пред Роналдо го постигна победничкиот гол во Осло, а асот на Милан и синоќа се запиша меѓу стрелците при победата во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
